Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

ЕДЕН ПОТВРДЕН, ТРОЈЦА СОМНИТЕЛНИ СЛУЧАИ НА ШУГА ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО КУМАНОВСКО РОМАНОВЦЕ

Четири ученици од ООУ „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце се во домашна изолација откако кај еден ученик била потврдена шуга.

Како што информираше директорот на училиштето Скендер Рушити, еден случај е потврден, а за три постои сомнение, но засега нема потврда дали станува збор за шуга.

Случајот до надлежните служби го пријавиле од училиштето во петок, по што викендов е направена дезинфекција на сите простории.

– Имаме преземено мерки за дезинфекција на училиштето, сите училници се чистени, сите простории се исчистени од наша страна и денеска имаме докторка епидемиолог и водиме сега разговор како понатаму да постапиме, изјави директорот Рушити.

Ученикот кај болеста е потврдена има наредба за домашна изолација до 22. месецов заедно со целото семејство.

Уште кај тројца ученици постои сомнение, но нема потврда дека ја имаа болеста.

– За еден случај имаме потврда, а други ученици од наша страна усно ги изолиравме, тие деца си седат дома, уште за двајца ученици, едната е сестра на ученикот кој е потврден, а за третото дознавме дека има и од петок не доаѓа на училиште, вели директорот.

Меѓу мерките што училиштето ги презело е и предавање за заразни болести од страна на наставничката по биологија, а денеска Центарот за јавно здравје е во училиштето и по нивна наредба ќе се преземаат следните чекори.

Наставата, вели директорот, се одвива непречено, откако училиштето е целосно дезинфицирано.

Од Центарот за јавно здравје Куманово повеќе детали најавија за утре, откако денеска ќе извршат теренски увид на состојбата.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ