Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ГО ПРОМЕНИ ИСКАЗОТ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Влатко Кешишов, еден од обвинетите во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред почетокот денешното рочиште го променил својот исказ, односно ја повлекол изјавата дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо бил присутен за време на двете убиства. Кешишев во изјавата која ја доставил до судот навел дека обвинетиот Велибор Манев вршел притисок врз него и врз обвинетиот Боре Видевски да кажат дека Палчо е организаторот и дека тој пукал .Во променетитот исказ, Кешишов не напишал ништо за мотивите ниту пак за тоа кој всушност пукал во Вања и Панче. Адвокатот на Кешишов рече дека за промената на исказот бил информиран непосредно пред денешното рочиште и не сакаше да ја коментира содржината на изјавата.

„Исто и јас како и вие, денеска за првпат се запознав со дадената изјава која беше доставена и до нас како бранители преку судот. Истиот има напишано некоја изјава меѓутоа не би сакал да ја коментирам содржината, имајќи предвид дека ниту знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали истиот своеволно ја има пишувано, или можеби не сакам ниту да помислувам дека имало присила или закана за таква изјава. Во однос на содржината ќе разговарам со него, па дополнително ќе ве известам и вас“, рече Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишов.
Извор : Алсат.МК

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ