ЕДЕН ЗАГИНАТ И НАЈМАЛКУ 20 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС ВО ЕРЕВАН

0
279

Eден човек загина, а најмалку 20 се повредени во експлозија во трговскиот комплекс Сурмалу во Ереван, соопштија ерменските власти.

„Според првичните податоци дошло до експлозија што предизвикала пожар“, соопшти Министерството за вонредни состојби.

„Експлодира складиште за материјали што се користат за производство на пиротехника во трговскиот центар Сурмалу. Специјалисти од Министерството за вонредни ситуации и спасувачите се на лице место и се обидуваат да ги евакуираат настраданите, изјави портпаролот на Градското собрание на Ереван, Левон Сардарјан.