Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

ЕВРОПСКИ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНИ : НАШИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ЧЛЕН НА ДИК Е АБДУШ ДЕМИРИ

Почитувани граѓани,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сум тука да ве информирам за текот на постапката за избор на член
на Државната изборна комисија. По одржаната седница на Комисијата за
избори и именувања, одржани на 13.12.2023 година, кога беа верификувани
кандидатурите од јавниот оглас за член на ДИК, на 14.12.2023 год.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат
Џафери, наместо да достави писмо само до нас, значи на албанските
опозициски партии, ова според одредбите на член 2, став 9 и 10 од
Изборниот законик, тој писмото за предлагање кандидати го доставил и до
две други партии, кои се формирани неодамна.

Сепак, како што се бараше во писмото, како и според должноста која се
уредува со Изборниот законик, ние го известивме претседателот на
Собранието дека наш кандидат за член на ДИК е г. Абдуш Демири, а јас –
како координаторка – доставив уште едно писмо до претседателот на
Собранието, во кое го потсетив дека единствени опозициски партии, според
дефиницијата на член 2, став 10, од Изборниот законик, се само
АлтернАтивА и Движење Беса, како партии кои се произлезени од последните
парламентарни избори.

Притоа го предупредив да престане со ниските игри за саботирање на
законското право што му следува на албанската опозиција, бидејќи не е
достојно ниту за него, не само поради позицијата што ја има, туку и
поради позицијата кон која цели, но ова е срамно и за демократијата и,
воопшто, за политичкиот плурализам.

Затоа, денеска сум тука да ја информирам јавноста дека наш кандидат за
член на ДИК е г. Абдуш Демири, но и да предупредам за игрите на
претседателот на Собранието, како и за саботажата предизвикано од ова
антидемократско мнозинство. Оттука би сакал да побарам поддршка и од
нашите меѓународни сојузници, особено од мисијата на ОБСЕ-ОДИХР.

Мисијата на ЕУ во Скопје, како и од Амбасадата на САД, да преземат мерки
за гарантирање на фер и демократски избори. Ако саботажата продолжи и
овој член на ДИК му се дава на некоја партија сателит, што неодамна е
формирана од ДУИ, или преку овој избор се создава саботажа, така да
местото на нашиот член да остане празно, тогаш нека ù се забрани целосно
на опозицијата да учествува на изборите, исто како што правеше
поранешната Југославија на ЈНА на г. Џафери.

Но, ако тврдат дека прифатиле демократија, треба да сфаќаат дека
Државната изборна комисија има Изборен законик кој утврдува како се
избира нејзиниот состав со членови од владејачките и опозициските
партии. Скопје, 18.12.2023 година

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ