Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија!

0
528

Европската комисија го замрзна претпристапниот дијалог на високо ниво со Македонија, а сѐ поголем број европски и домашни претставици сметаат дека во прашање е и препораката за почеток на преговори со Европската унија, па дури и кандидатскиот статус, објави БИРН, повикувајќи се на извори од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

eu-mkd-zname

Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) меѓу Македонија и Европската комисија е ставен во мирување поради полтичката криза, потврдува истиот извор.

Ова е веќе втор прекин на високиот дијалог поради внатрешнополитички проблеми во Македонија, откако веќе еднаш беше замрзнат поради случувањата околу 24. декември. Тогаш Европската комисија укажа дека Македонија мора да ги усвои препораките од политичкиот договор од 1. март за да може Европската комисија да го поддржи реформскиот процес преку ХЛАД.

Иво Вајгл, еден од тројцата европратеници кои треба да помогнат да се реши кризата во Македонија преку посредништво е директен и вели дека е загрозена препораката за преговори со ЕУ.

„Сѐ почесто се спомнува кризата на доверба и се зборува за криминал, што му штети на угледот на вашата држава“ вели Вајгл кој до крајот на месецов се очекува да има средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Брисел.

И неговата колешка од Хрватска, европратеничката Маријана Петир од редовите на ЕПП, вели дека е предизвик нештата да се вратат на своето место.

„Македонија изрази волја за да го започне процесот на евроинтеграции и ќе биде ценета според своите заслуги. Секоја внатрешна криза во суверена држава треба да биде предизвик за тоа работите да се вратат на своето место. Во секоја држава постојат предизвици и сите треба да направиме максимум за да функционира демократскиот систем“, вели Петир за БИРН.

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, во изјава за БИРН потврдува дека е сосема реална можноста оценката на Европската комисија за почеток на преговори да се промени. Според него, клучни причини за тоа се продолжениот бојкот на Собранието од страна на СДСМ, како и недостатокот на мотив за водење дијалог во институциите.

Политичката криза поради скандалот со прислушувањето за Поповски е елемент повеќе што ја урива сликата за државата во меѓународни рамки.

„Имиџот е негативен во однос на оваа авантура. Во ниту една држава не се случило да се емитува нелегално стекнат материјал на овој начин“ вели Поповоски.