Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС В ПОНЕДЕЛНИК ДОАЃА ВО СКОПЈЕ НА СРЕДБА СО ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Еврокомесарката Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје ќе се сретне со лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски. Средбата, според најавите е посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот.

Како што соопшти денеска Европската комисија, покрај премиерот Мицкоски на средбата со Кос ќе присуствуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Во најавата се посочува дека Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ, па на состанокот ќе биде разгледан напредокот и ќе се дискутира за следните чекори во неговото проведување.

– Лидери ќе работат со комесарката Кос за да ги претворат обврските во акција, фокусирајќи се на критични реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ), се наведува во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија наведува дека Самитот ќе биде можност и да се разговара за соработката меѓу шесте земји во области како што се заштитата на потрошувачите, туризмот и единствениот регионален пазар, со цел унапредување на економската интеграција на Западниот Балкан во Единствениот пазар на ЕУ.

– Како дел од дискусиите, Комисијата ќе предложи и инвестициски пакет од 87,7 милиони евра во рамките на постојната Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ).

Се очекува овој пакет да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во проекти за чиста енергија низ целиот регион, се додава во најавата.
Планот за раст на Западниот Балкан, кој го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година, има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.

Тој предвидува средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во области, како што се енергетиката, транспортот и дигиталната трансформација.

Целта на овие средства, кои ќе се исплаќаат во форма на грантови и позајмици под поволни услови, е зголемување на просперитетот и стабилноста на регионот на Западниот Балкан.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ