Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР МУ ГО ВРАЧИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ТАЛАТ ЏАФЕРИ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално го прими Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година од амбасадорот на Европската Унија во нашата земја, Дејвид Гир.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, на средбата, покрај претседателот, присуствуваа потпретседателите на Собранието, Горан Мисовски и Хусни Исмаили, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, координаторот на Алијанса за Албанците, Атнан Незири, заменик-координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.

Џафери му се заблагодарил на амбасадорот Гир во име на пратениците за традицијата на презентација на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година и истакнал дека Собранието и понатаму останува отворено за сите укажувања во врска со евроатлантските интеграции на земјата. Амбасадорот Гир, како што се посочува, искажал силно уверување дека проширувањето останува витална заложба и врвен приоритет на Унијата.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ