Saturday, November 2, 2024
17.8 C
Skopje

ЕВН привремено ги затвора сите приемни канцеларии за корисници

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема дополнителни мерки за заштита на корисниците и вработените. Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје, соопшти компанијата.

Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар. На порталот www.evnonline.mk, корисниците може да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури без да се регистрираат. Со регистрација на профил достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање потврда за успешно плаќање.

Во периодот додека на сила се вонредните мерки нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат. Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци). По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ – ФИЛИПЧЕ = 5:1 ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ

Довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите...

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО

Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ