ЕВЕ ШТО ПРАВИ образованието на Грујо : Директорката на гимназијата ,,Јосип Броз – Тито” брка ученици и професори!

0
2646

Денес во претпладневните часови редакцијата на Центарњуз доби допис од скопската гимназија „Јосип Броз-Тито“ да објави информации за пеколот кој што владее во гимназијата.

20120224100707skopje_skoplje_gimnazija_josip_broz_tito_1966

Имено, актуелната директорка на гимназијата, Татјана Дуева, се однесува како вистински диктатор, не само спрема учениците туку и спрема професорите. На сите професори во гимназијата им е забранета поддршка или било каква инволвираност во средношколските протест, а доколку покажат дури и мала вклученост им се заканува отказ од работното место.

За една директорка да си дозволи ваков луксуз, потребно е да има некој кој и го штити грбот. Според нашиот извор, тој грб е ни помалку ни повеќе туку професорот по математика, Драги Данев, на јавноста познат како пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што ги политизира уште повеќе истиве настани и ја потврдува партиската наредба од страна на владеачката партија. За ова говори и (до неодамна шпекулацијата, а сега и потврдена) аферата помеѓу Дуева и Данев, кои во текот на оваа учебна година измислувале семинари во Турција, кои биле само едно романтично патување на сметка на буџетот на РМ, а воедно поткрепено со фалсификувани документи за постоење на таков семинар (конкретно на Босфор).

Реномето на оваа, до неодамна елитна, скопска гимназија е нарушено, а за тоа говори и статистиката: откако Дуева е на позицијата директор, „Јосип Броз-Тито“ е рекордер во бројот на ученици кои ја напуштиле и се префрлиле во друго училиште, во компарација и со себе во минатото а и со сите други скопски гимназии. Менаџирањето на училиштето е катастрофално затоа што Дуова се претставува како локален шериф и се се сведува на нејзиното самоволие во училиштето, а всушност и самата е марионета која извршува партиски наредби.

„Татјана е личност која е лесна за контролирање, затоа и е поставена на позицијата директор. Гнев постои, не само кај учениците, туку и кај родителите и професорите. Во неколку наврати, револтирани родители дојдоа да дискутираат за проблемите, но таа дрско одби било каков разговор, па родителите беа присилени да ги префрлат своите деца во друга скопска гимназија. Но немојте да мислите дека во другите гимназии е поинаку, и таму е истото, само со други имиња и презимиња. Професорите немаат како да се спротистават, затоа што доколку Дуева дознае дека некој ги пренел овие информации, ќе им следува отказ.“ – стои во дописот.