ЕВЕ КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИ ПАРИ, ОД НАРОД ЗА ИДНИНА : Општина Гази Баба оваа година додели 400.000 денари за студенти – иноватори!

0
437

Општина Гази Баба дупло ги зголеми средствата за студенти – иноватори и тоа 400.000 денари односно оваа година два тима од факултетите кои се наоѓаат на територија на општината, добија по 200.000 денари кои треба да ги реализираат во период од 5 месеци.

Првиот тим е од Природно – математички факултет со проектната идеја „Мапирање и означување на дрвенести и грмушести видови во паркот на Ботаничката градина“, а вториот тим од факултетот за земјоделски науки и храна со проектната идеја „Иновативен уред за определување на содржината на вода во почвата“.

За градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски овој проект претставува успешна приказна која од година в година предизвикува се поголем интерес.

  • Моја должност како градоначалник е и понатаму да овозможам реализација на овој проект и понатаму да обезбедувам средства за реализација на идеите на студентите. Заедно со вашите ментори продолжуваме да бидеме вашиот поттик за што повеќе студенти својата замисла да ја претворат во реалност, рече Георгиевски.

Целта на овој проект кој стартуваше минатата година е студентите рационално да го искористат своето време додека студираат и професионално да се развиваат кон она што сакаат да работат токму преку овие проекти. Реализацијата на ваквите проекти во иднина значително ќе придонесат за развојот на општината.

Претходно, беа презентирани проектите идеи од минатогодишните победници и тоа на проектиниот тим од Факултетот за земјоделски науки и храна со проектната идеја “Иновативен модуларен уред за контрола на наводнувањето” и проектиот тим од Шумарскиот факултет со проектната идеја “Зелена лична карта на Дендро паркот со примена на современи геоматски техники”.