Wednesday, April 23, 2025
14.8 C
Skopje

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЕДНО НЕВИДЕНО ЛИГАВЕЊЕ, ДВАЈЦА ХОШТАПЛЕРИ КОИ ВО ПРЕДИЗБОРИЕ ПЛАНИРАА ДА ИМ ГАЗАТ НА ВРАТ НА ПРИЛЕПЧАНИ И ДА ИМ ВЛЕТУВААТ СО ХИЛТИ КИЛТИ СЕГА ЌЕ ГРАДАТ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ?! АЛОООО КОГО ДУПИТЕ ВО ЗДРАВ МОЗОК БРЕ?!

Деновиве во Прилеп се случи вистинско лигавење и едно тотално невидено лицемерие пред прилепската јавност од страна на кум Ставре и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Замислете која перверзија ја прават пред камери и јавност, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со Градоначалникот Марјан Ристески потпишуваат некаков си договор за некаков си грант помеѓу Министерството за финансии и општината за изградба на некоја си сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1 која секако одамна е прерасната во едно смрдено потемкиново село на власта за продажба на ситни политички поени, као демек еве само што не почнало да се инвестира во оваа индустриска зона како и за останатите се разбира. А од друга страна меѓусебно жестоко се плукаат, не се поднесуваат и имаат за себе најдолно можно мислење кое секако е зачинето со зборови како “пичка му мајчина” ,”тотално нестабилен тип” и сл.

Самата протоколарна средба помеѓу градоначалник кој влегува во летни бавчи на политички неистомисленици со хилти и килти на една општина и вицепремиер на Македонија не е повод за оваа објава туку  погоренаведениот меѓусебен судир кој го имаа овие двајца владини дилетанти. Ова е вистинска реткост прилепчани и јавноста да видат како изгледа едно перверзно лицемерие, овој пат помеѓу градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кој во јавноста е познат по своите контроверзни локални проекти за кои прилепскиот адвокат Жаре Стеваноски има стокмено и поднесено најмалку една кривична пријава и вицепремиерот Зоран Ставрески кој со државниот буџет прави каша попара и општ пичвајз. Градоначалникот со хилтата уште го поврзуваат исто и за неколку прикриени јавни скандали од јавноста како што е учество во сообраќајка сред центарот на градот за кој локалните куртон медиуми молчат како фикуси и каде овој се појавува во снимката на опозицијата за време презентирањето на аудио снимките т.н. бомби заедно со Дејан Панделески од Пелистерка каде и како договараат упад кај локали на опозицијата и да им го ебат мамето и така натаму и така натаму и така натаму. Но како и да е, еве како изгледа таа перверзија и тоа лигавење и лицемерие пред камери :




Во кнедлата која прилепската јавност предизборно треба да ја голтне е спакувана вкупната вредност на проектот која според овие двајца треба да изнесува 8.456.749 денари. Исто така за време на оваа лицемерна предизборна посета каде едниот за прилепчани мисли дека се специјалки а другиот заговара инспекции и глоби сега промовира инвестиции и слични провладини предизборни срања, кум Ставре се сретна и со бизнисмените од градот на бацирака, каде најверојатно се запознал со начинот на кој градоначалникот со хилтата на Општина Прилеп ги подбрал локалите на неистомислениците со хилта разбира се 😀

Инаку интересно е тоа што покрај многуте компании во Прилеп кум Ставре ја посетил и компанијата „Конфи Ангел“,компанија за која екс министерот за Транспорт и врски Миле Јанакиевски во прилепските аудио снимки т.н. бомби тврди дека има 30 непријавени вработени.

Фото : 10без10

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ДАЛИ НАВИСТИНА ПЕПЕЛТА ОД РЕК БИТОЛА Е РАДИОАКТИВНА?

Деновиве во јавноста голема резонанса предизвика веста за разнесувањето...

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОСУДЕН НА ТРИ ГОДИНИ И ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ СО КОИЗВЕСИТЕЛИТЕ НА ПССЕ ЗА ПОСТМОНИТОРИНГ ДИЈАЛОГ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ