Триесетина граѓани со возила денеска го блокираа сообраќајот пред Владата предизвикувајќи нервоза и хаос во сообраќајот. Според полицијата, станува збор за претставници на Здружението на граѓани за борба против сиромаштијата, кои ја блокирале улицата Илинденска, објави Макфакс.
Протестот се одржа во исто време кога премиерот Зоран Заев од прес-центарот на Владата го објави договорот што ќе биде потпишан на 1 август со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за добрососедство и соработка.