ЕВЕ КАКОВ ДЕСПОТ ЈА ВОДИ МАКЕДОНИЈА: Додека траат преговорите, Грујо на партиското судство на ВМРО-ДПМНЕ му нареди да почне судењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за случајот пуч?!?!?!

0
569

Грујо не е нормален!!! Додека траат преговорите за политичката криза, Грујо им нареди на партиските судии да почнат со судењето на лидерот на СДСМ за случајот Пуч во кој наводно тој вршел насилие против власта?! ЛУДИЛО!!!

zaev-zoran-novinari-afpgetty-main

Телма денеска објави;

Одбраната на Заев очекуваше враќање на предеметт во фаза на истрага бидеќи како доказен материјал се користат снимки кои јавноста веќе ги виде, а се тајна во постапката. На тие снимки е и премиерот Никола Груевски, кој во случајов ќе биде клучен сведок , бидејќи Заев и останатите обвинети ќе одговраат за неовластено снимање и насилство спрема највисоки државни органи. 

“Советот за оценка на обвинителен акт во Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше во постапка за оценка на обвинеието по детална анализа на сите приговори поднесени од одбраната и ценење на доказите врз кои се заснова обвинителниот акт,  донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува во целост, а приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани”, пишува во соопштението на судот.

Советот во одлучувањето утврдил дека делата кои се предмет на обвинителниот акт се кривични дела предвидени во Кривичниот законик и приложени се докази во прилог на обвинението. 

“Воедно советот имал предвид и дека одбраната поднесе обемна листа на докази, а усното образложение на приговорите претставува и делумна одбрана на обвинетите што за советот претставува уште еден аргумент во прилог на одлуката да се закаже јавна, главна и усна расправа на која во контрадикторна постапка ќе се решаваат прашања што се предмет на испитување и оцена на главна расправа”, појаснуваат од судот.

Одлуката е соопштена ден пред одржување на јавна распарва за оценка на обвинителен акт за предмет во кој Заев е обвинет за примање поткуп од бизнисмен во Струмица. 

Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев, а обвинети се и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга,  соработник на Заев во општина Струмица и вработен во МВР. Се товарат за шпионажа, неовластено снимање и насилство спрема највисоки државни органи. Сите обвинети во случајот се во притвор освен лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев.

Извор: Телма