ЕВЕ КАДЕ ОДЕЛ ДЕЛ ОД ОПЉАЧКАНИОТ БУЏЕТ : ГРУЈОВИТЕ СТРАНСКИ СОВЕТНИЦИ ГО ИЗМОЛЗИЛЕ ДОБРО БУЏЕТОТ НА ДРЖАВАТА, МЕСЕЧНО ЗА СОВЕТИ НА ВОЖДОТ НАПЛАЌАЛЕ ПО 7.000 ЕВРИЊА!!!

0
1564

Двајца британци, американец ,словенец и израелец се странските државјани кои поранешните премиери Никола Груевски и Емил Димитријев ги анагжирале како советници во текот на неколкуте мандати на оваа функција. Тие ги советувале премиерите за економијата, туризам, надворешни односни и за привлекување на странски инвестиции.

Истражувањето на Топ Тема на Ваша страна на Телма покажа дека странските советници и за своите услуги наплаќале од две илјади долари до 7 илјади евра месечно, сума во која не влегуваат авионските билети и сместувањето.

Израелецот Јехошуа Шуки Глајтман, е советник во областа на претприемништвото и иновациите. Според договорот потпишан во ноември 2012 година кој е во траење од една година за своите услуги тој ќе добие 26 илјади долари годишно. Според сметките за авионски билети кои ги плаќала Владата тој бил ангажиран и во наредните три години. Интересно е што Глајтман е во раководството на фирмата „Елбит“ преку која уште од 2008 година се вршат милионски набавки на опрема и оружје за потребите на МВР и Одбрана.

Британецот Колин Џефри, прв пат во Македонија ќе дојде во 2008 година како претставник на Џонсон Мети а за своите советнички услуги е платен 4 илјади евра месечно.

За словенецот Марјан Хрибар може да се најде информацијата дека е директор на австриската филијала на туристичќката компанија „Компас“. Тој за сума од 2.500 евра месечно го советувал Груевски за развојот на туризамот во Македонија.

Роберт Валтер е поранешен британски пратеник од редовите на конзервативците и член на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Роберт Валтер. Тој за неговиот ангажман како надворешен соработник на премиерот Емил Димитриев имал задача да одржува контакти со високи странски државници на кои требало ги презентира политикита на Владата но и политичката состојба во Македонија. Валтер за своите услуги наплаќа 7 илјади евра.

Американецот Џорџ Пери според договорот со Владата склучен во 2013 година треба да работи на привлекување на странски инвеститори од автомобилската индустрија и за таа цел е платен 5 илјади долари месечно.

Меѓу советниците на премиерите Груевски и Димитријев е и Александар Никовски, син на поранешниот дипломат Ристо Никовски, кој за своите услуги наплаќал по 3 илјади евра месечно. Никовски имал обврска да ги промовира можностите за инвестирање во Македонија и извозот на македонските производи во странство.