Еве зошто Лаки бил посран како гулаб : Постои снимка на негов разговор со шефот на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер!

0
1019

latas 111

По наредби на директорот на УБК, Сашо Мијалков, и Груевски, покрај другите, прислушкуван е и разговор на Драган Павловиќ – Латас со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Груевски, како и Синодот на МПЦ, ИВЗ, МАНУ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која презентираше материјали за нелегално прислушкување на над 20.000 граѓани.

На прес-конференцијата беа презентирани снимки од 11 прислушкувани разговори.

Заев рече дека ќе побара вештачење на снимките.

– Бараме вештачење од релевантна институциија за автентично вештачење на снимките што ги поседуваме, за кои сметаме дека се правени од УБК и телекомуникациски оператори во Македонија. Со вештачењето ќе добиеме автентично толкување дали станува збор за снимки од странска служба или од УБК, а ние знаеме кој снимал, оти само УБК поседува опрема за прислушкување која може да го направи ова – рече Заев.