ЕВЕ ЗОШТО ИВАНОВИ ГИ НЕМА НА СНИМКИТЕ ОД БОМБИТЕ НА ЗАЕВ : Хорхе и Хорхејца користеле телефони на Агенција за Разузнавање кои биле заштитени од прислушкување!

0
332

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова имале телефони за кои сметките ги плаќала Агенцијата за разузнавањето. Ова било поради безбедност на комуникации, тврди поранешниот директор на АР и сегашен министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Чулев потврди дека Агенцијата им плаќала за телефоните во 5-6 години за да имаат безбедна комуникација со разузнвачката служба која е во директна надлежност на претседателот. Покрај редовните, и претседателот, но и неговата сопруга имале и службени телефони преку агенцијата.

Во една од „фејсбук-битките“ со Чулев, дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска тврдеше дека Чулев како директор платил 12 илјади евра за телефонски сметки на претседателското семејство Иванови.

-Сумата не е голема бидејќи станува збор за повеќе години, а целта беше од безбедносни причини, изјави денеска Наќе Чулев.

Миомир Серафиновиќ