ЕВЕ ЗОШТО ГО САКААТ СИТЕ: УТРИНАВА ФИЛИПЧЕ СПАСИЛ НАЛУТЕН ГРАЃАНИН ОД АПСЕЊЕ, ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ПОВИКАЛО ПОЛИЦИЈА КОГА ПОЧНАЛ ДА УРЛА, НО ФИЛИПЧЕ ГО СМИРИЛ И ГО ПРИМИЛ ВО КАБИНЕТ И МУ ПОМОГНАЛ!

0
395

Обезбедувањето на Министерството за здравство утринава викнало полиција зашто вознемирен граѓанин на скалите од зградата со повишен тон барал да се сретне со министерот за здравство Венко Филипче, дознава Слободен печат.

Министерот Венко Филипче ни рече дека не дошло до напад, туку дека човекот бил вознемирен затоа што бил на мака.

-Рече дека не го примале во болници, па бараше помош. Не дојде до никаков напад, обезбедувањето се вознемирило и повикало полиција превентивно. Граѓанинот дојде со документи и бараше помош за здравствена состојба. Јас го примив, поразговаравме, го упатив каде да оди, си имаше мака, му дадов телефон да ме бара и подоцна да видиме што ќе направи во болница, ни рече Филипче.

Според полициската белешка, утринава во 7 часот и 15 минути од Одделот за обезбедување пријавено е машко лице како седи на скалите пред Министерството за здравство. Од Страна на полициска станица Центар испратена е служба која констатирала дека се работи за лицето А.А. родено 1987 година. Лицето кај себе немало оружје. Лицето се состанало со министерот за здравство разговарале за некој проблем што го имал на една од клиниките и потоа си заминало, стои во полициската белешка за настанот.