ЕВЕ ЗОШТО ВЛАДАТА ПОБАРА МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ ЗА ИСТРАГАТА, НЕ ДЕКА НЕМАМЕ СТРУЧЊАЦИ, ТУКУ ДА ИМ ЈА ЗАТВОРИ УСТАТА НА ВМРОВЦИТЕ КОИ ВЕЌЕ ПОЧНАА СО ПРИКАЗНИ ДЕКА ИСТРАГАТА ЌЕ БИЛА НАМЕСТЕНА

0
502

Оставка се бара ако војната се губи, а ние војната со пандемијата ја добиваме цело време, немаше хаотични сцени како во Италија и Њујорк каде пациенти умираа на скали и по ходници, на сите им беше дадена лекарска помош, некои се спасија некои не успеаја да се спасат, но како држава добро се носиме со оваа опасна пандемија.

Иако имаме меѓу најголемите стапки на смртност од пандемијата сепак грев е за тоа да го обвиниме Филипче, ние генерално имаме нездрава нација која не се грижи за своето здравје или пак лошите животни услови пред се нискиот стандард предизвикаа многу наши граѓани да се со висок притисок, срцеви болести, дијабет, висок процент на страсни пушачи итн итн…

Исто така сведоци бевме дека многу наши граѓани не ги почитуваа мерките, правеа слави, свадби, концерти, не сакаат да се вакцинираат, што може тука Венко да помогне ако некој сака намердно да умре и мисли дека е посилен од смртта?!?!

Исто така оставка се бара ако нечие постапување, неодговорност директно влијае за некој инцидент, несреќа во која ќе загинат луѓе. Ние досега иако истрагата тоа ќе го покаже не сме имале таков момент, односно трагедијата во Тетово е поради несреќа, пожар, ќе видиме кој и како го почнал, можеби е експлозија на прегреан уред, вентилатор, друг систем или машина, тоа никој не може да го предвиди и се смета за несреќа…

Не може да го обвиниме Венко за тоа што се трудел да направи брзо модуларни болници со цел да спаси иљадници животи со дуплирање на капацитетите на македонското здравство со тоа што една од тие болници несреќно се запалила и изгорела, такви работи за жал се случуваат во животот и се неизбежни.

Кола може да се запали и да умрат патниците па оставка не си поднесува никој. Авион може да се запали и да падне и да умрат стотици патници па оставка не си поднесува никој.

Нашата хистерична јавност е таква, веднаш бара нечии глави на масата, таков ни е народот, донекаде и оправдано поради таложење на децениски неправди и диктатури и режими, но сега се вентилираме на невини таргети, Венко наместо да го креваме на пиедестал ние го плукаме а човекот спаси толку многу животи со битката за вакцинација, битката против пандемијата, прекрасната организација на целиот здравствен систем….

Дали можеле болниците да се направат од друг материјал кој не гори толку лесно? Веројатно да, но тоа ќе коштало многу скапо и изведбата ќе траела толку долго што ќе умреле многу пациенти во меѓувреме… После битка има многу генерали. Но ферски е да признаеме дека Венко Филипче ни треба како вреден организатор, хуман човек, добар лекар, човек кој толку многу енергија вложи да го реформира јавното здравје и сега неферски неправедно на негови плеќи товараме толкава несреќа кој тој доколку можел сигурно ќе ја превенирал.

Да оставиме истрагата да покаже кој погрешил, засега не мислам дека Венко Филипче треба да плати казна затоа што човекот одлично се бори против една голема закана за јавното здравје и даде толку многу за таа битка што ако сега го изгубиме ќе бидеме послаби во битката, ако не мора, предлагам да го оставиме да биде кормилар на нашиот одбрамбен систем така ќе се спасат многу животи и ќе имаме голема корист како држава и како граѓани.

Но ако истрагата утврди вина кај Венко, сигурен сум дека тој ќе се извини и ќе си поднесе оставка, човекот не е во политиката за слава и успех, тој е веќе докажан нерво хигург, професија која самата по себе носи многу моќ и слава и успех, тој е во политиката затоа што му е збоктисано од неспособни министри кои го уништуваат имиџот на лекарот и го нарушуваат јавното здравство, тој е во политиката за да му служи на народот а не за да се држи за фотељата како со канџи како да му е срасната за газот, ќе видите, Венко е голем човек со голема душа.