ЕВЕ ЗОШТО ВЕЧНИОТ РЕЖИМСКИ ПУШАЧ ЗА ДИРЕКТОРСКИ ФОТЕЛЈИ, ЛЕШПЕРЧЕТО ФИЛИП ПЕТРОВСКИ, СЕГА ДИРЕКТОР НА ДРЖАВЕН АРХИВ Е НЕРВОЗЕН И СЕ ЗАКАНУВА СО УБИСТВA : СЈО одзело документи од државниот архив за „Скопје 2014

0
2178

Специјалното обвинителство одзело документи од државниот архив, во рамките на предистражна постапка.

Од обвинителството за Телма не сакаа да кажат каков тип документи зеле ниту што е предмет на нивната предистрага, но директорот на архивот Филип Петровски за Телма изјави дека се работи за документи позврзани со проектот Скопје 2014-та.

И Петровски и од специјалното обвинителство велат дека соработката била коректна и дека немало никакви проблеми, но директорот Петровски сепак смета дека обвинителството е авторот на лажни информации кои се појавија на интернет дека имало инциденти во архивот меѓу него и обвинителите во кои била инволвирана и полиција и тврди дека не некои портали, туку СЈО преку нив диригирало напади кон него денеска во јавноста.

Извор: Телма