Претседателот Ѓорѓе Иванов се пожалил дека не е во игра во актуелниот политички момент во земјава, во интервју за емисијата Bugajski Hour на познатиот американски аналитичар Јануш Бугајски, емитувана на албанската телевизија Albanian Screen.
Иванов смета дека ситуацијата во земјава е усложнета поради непризнавањето на неговиот легитимитет на дел од опозицијата, а со тоа е оневозможена и евентуалната неговата посредничка улога во надминувањето на кризата.
– Во оваа актуелна ситуација имаме изместување од таа практика и од тој обичај претседателот да ја има таа улога, затоа што опозицијата не сака да го признае легитимитетот на институцијата Претседател, и се обраќа директно до меѓународните фактори – вели Иванов, пренесе МИА.
Иванов нагласил дека демократијата како систем подразбира решенија за предизвиците да се изнаоѓаат преку институциите.