Со огромна гордост го споделуваме успехот на нашата Ева Димитриевска, која го претставуваше Коњичкиот Клуб Бравадос на Второто Коло Дресурно Првенство на Р.С.Македонија и го освои првото место!
Ева, заедно со своето грло Киви, покажа неверојатна вештина, грациозност и прецизност во изведбата. Оваа победа е резултат на нејзината голема посветеност.
Со ова постигнување, Ева уште еднаш покажа дека напорната работа и љубовта кон коњите секогаш даваат резултати.
Горди сме што ваков талент е дел од нашиот клуб.
Инстаграм објава на ,,К.К. Бравадос”.
View this post on Instagram