ЕВАКУИРАНИ СЕ ПАТНИЦИ НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД ПОРАДИ ДОЈАВА ЗА БОМБА

0
234

Српските медиуми пренесуваат информација дека вечерва околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е добиена дојава за поставена бомба.

Аеродромот во моментов е затворен, а последниот авион тргнал во 18:45 часот. Сите закажани летови потоа се одложени.На видео снимка која се појави на дел од медиумите е прикажана евакуацијата на патниците, на кое тие во паника се спуштаат по тобогани.

Танјуг неофицијално пренесува дека пилотот добил дојава за бомба, по што повикал полиција.Сите патници се евакуирани.