ЕБАТИ БАКСУЗОТ ВМРОВСКИ ЕБАTИ : Амбасадорите на САД на Западен Балкан остануваат на своите позиции и во администрацијата на Трамп

0
2935

Кадровски промени меѓу американските дипломати во државите на на Западен Балкан може да се очекуваат на крајот на оваа или почетокот на идната година, пишува порталот European Western Balkans.

Во декември 2016, „Њујорк Тајмс“ објави дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, издал едикт, барајќи политички назначените амбасадори да ги напуштат своите позиции во странство до денот на неговата инагурација. Ваквото барање предизвика бура од реакции во дипломатската заедница и во светските медиуми. За лаиците, ова можеби изгледа како значаен пресврт на настаните, но не е ништо повеќе од кршење на воспоставената пракса на доделување на неколкумесечен грејс-период за дипломатите пред именување на нови. Во реалноста, оставката и замената на политички назначените амбасадори на крајот на претседателскиот мандат е очекувана рутина.

Претседателот на САД може да номинира и со согласност на Сенатот да именува „амбасадори, министри и конзули“. Амбасадорите на САД може да бидат дипломати ангажирани како надворешна служба на службеници или политички именувани лица, номинирани од страна на претседателот. Овие политички именувани лица може да бидат лица од невладиниот сектор. Околу 70 проценти од амбасадорите на САД се професионални дипломати.

Информацијата за брзата и принудна оставка на амбасадорите на САД предизвика огромна заинтересираност на јавноста во земјите на Балканот, бидејќи странските амбасадори во овие земји (особено амбасадорите на САД) се сметаат за моќни политички актери. Факт е дека сите актуелни дипломати на САД во земјите од Западен Балкан не се поврзани ниту со старата, ниту со новата администрација на САД. Сите овие амбасадори се именувани од Сенатот на САД кон крајот на 2014 година, а ги заземале своите позиции на почетокот на 2015 година. Бидејќи повеќето дипломати служат мандат од околу три години, редовните кадровски промени во земјите од Западен Балкан може да се очекуваат на крајот од оваа или почетокот на идната година.

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли е потврден од Сенатот во декември 2014 година, но акредитативните писма ги предал на 12 февруари 2015 година. Тој претходно бил заменик-амбасадор во Амбасадата на САД во Анкара, Турција. Покрај Бејли, амеркански амбасадори на Западен Балкан се Доналд Ру во Албанија, Морин Кормак во Босна и Херцеговина, Џулиета Валс во Хрватска, Грег Делави во Косово, Маргарет Ен Ујехара во Црна Гора и Кајли Радоллф Скот во Србија.