Хоспитализиран во болница заврши и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија. Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемијата. Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација. Но, најновите информации зборуваат и за друга причина, пренесе Алсат М.
Додека модуларната болница во Скопје се затвори, во другите градови во процес е изградба на вакви слични капацитети. Во Куманово, Битола, Дебар, Штип и Струмица има бараки во дворовите на градските болници и во текот на месецов се очекува некои од нив да бидат пуштени во употреба. Минатата година беа најавени 16 вакви модуларни болници низ целата земја. Министерот за здравство вели дека нема опасност од недостиг на кадар бидејќи според планот за ротација, сите медицински услуги ќе бидат навремено достапни за пациентите.
Модуларната болница во Скопје ги прими првите пациенти во октомври кога започна есенскиот пандемиски бран. Во неа имаше 70 кревети
Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација, пренесе Алсат М.