ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА СИТЕ ПРАВОСЛАВЦИ, ВАРТОЛОМЕЈ: СО МОЛИТВА НО И СО ДЕЛУВАЊЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ, НАУЧНИЦИТЕ И ЛЕКАРИТЕ ДА ГО ПОБЕДАТ КОРОНА ВИРУСОТ!

0
190

Вселенската патријаршија испрати соопштение до верниците преку кое ги советува да се придржуваат до препораките на Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против коронавирусот.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

„Светиот и свештен синод на Вселенската патријаршија заседаваше под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј и исцрпно ги испита, помеѓу другoтo, информациите во врска со коронавирусот, та со чувство за пастирска одговорност го забележа следново:

И покрај сериозноста на состојбата, се препорачува разумност, трпение и избегнување на јавна паника;
Нашата Црква ја почитувала и ја почитува медицинската наука. Затоа таа ги поттикнува сите верници да се усогласуваат со здравствените препораки, како на Светската здравствена организација, така и со соодветните упатства и законски одредби на поединечните држави;

Вселенската патријаршија ја изразува својата благодарност кон сите што работат со самопожртвуваност во секој оддел на здравството, медицината, болничарството и истражувањето, заради соочување и лекување на оваа нова пандемија;
Великата Христова Црква од својот двеилјадигодишен опит знае дека Божествената Причест е „противотров за смртта“ и останува цврсто на досегашното православно учење за светата Причест;

Јасно е дека верата во Бога, како надминување, а не укинување на човечката логика, како и молитвата, ја засилуваат духовната борба на Христијанинот. Затоа, Мајката Црква во Константинопол ги поттикнува сите свои духовни чеда во светот да ги засилат своите молитви, та со Божја помош и просвештение да се надмине ова современо искушение“.