ДУРЛОВСКИ ВО ЗАВРШНИОТ ЗБОР ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА 27-МИ АПРИЛ: Ми се гади од клеветата дека сум протестирал за пари, но и да е така, сепак тоа не ме прави виновен за крвопролевањето на 27-ми април, јас не знаев дека до таму ќе дојдат работите!

0
523

Оперскиот пејач, Игор Дурловски, кој е обвинет за „27 април“ во својот завршен збор у порача на судот да го осуди, ако има некаков доказ против него. Тој се товари дека за време на протестите на „За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и протестирал за материјална корист.

– Ве замолувам да се запрашате кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок. На 27 април  ја испеав химната на Република Македонија и заминав со синот да гледам ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видов на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, се вратив. Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме. Сведокот Курто Дудуш рече дека мислел оти ме видел, но не беше сигурен. Овде прв пат го видов. Врз основа на изјава на обвинет ОЈО ме терети дека сум правел нешто за интерес. Одвратно е тврдењето дека сум бил платен да протестирам. Дали за мене има еден доказ дека сум планирал да се случи 27 април? Нема такво нешто. Ако за тоа што сум бил во Собранието заслужувам казна како што вели обвинителството, тогаш осудете ме. Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите, вели Дурловски.

Според него, не барал амнестија затоа што е смел, туку дека не е виновен.

-Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се прашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април. Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, прашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и сè уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и сè уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите, рече Дурловски.