ДУИ ЈА ОБЈАСНУВА ИЗЈАВАТА НА АХМЕТИ : ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ СЕ СРЕЌАВАА ЗА ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС ВО ПРЖИНО

0
408

„Три години е разговарано, дебатирано со опозицијата и во тоа време преземавме заедничка иницијатива ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да се укине стариот Законик. Првично не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога се договаравме за да се укине договорот со СДСМ, зашто СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ, се повлече ВМРО-ДПМНЕ. Се повлече Христијан Мицкоски од измената на Кривичниот законик и ова беше големо изненадување. Имало десетици средби во Клубот на пратеници за измена на овој Законик и негово усогласување со европските стандарди. На тие средби имало работни групи. Средбите се остварени на многу таен начин помеѓу Зоран Заев, Никола Груевски и мене. Сме разговарале со часови и со денови. Дојдовме до момент кога се согласивме сите и на крај се повлече ВМРО-ДПМНЕ.“

Денеска, пак, од неговата партија преку писмено соопштение велат дека средбите со Заев и Груевски, за кои Ахмети говореше во интервјуто, биле во врска со пржинскиот договор, а на нив се разговарало за надминување на состојбите преку, како што додаваат од ДУИ, процесот на вистината и помирувањето.

„На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав на Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби“,додаваат од ДУИ.Во партиското соопштение, од ДУИ се осврнуваат и на измените во Кривичниот законик со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба. Велат дека измените првично биле побарани од ВМРО-ДПМНЕ уште пред усвојувањето на уставните измени од Преспанскиот договор.

„Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање“ посочуваат од ДУИ.Од партијата додаваат оти будно ја следат загриженоста во ВМРО-ДПМНЕ и длабоките поделби што, како што велат од ДУИ, се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација.