Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ДУИ спичкале два тендера тешки 200 илјади евра за анализа на Рамковниот договор!

javni_nabavki_01-540x364

Два тендера, со иста фирма за приближно иста сума пари од по 100 илјади евра за изработка на квалитативна анализа на имплементација на Охридскиот договор и придружни активности за запознавање на јавноста со резултатите од анализата, објави Телма.

Тендерите ги добила фирмата Таг комуникации чиј сопственик е поранешниот новинар Газменд Ајдини. Ова не е прв пат Ајдини да соработува со институции кои се раководени од кадри на ДУИ. Покрај со Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, неговата фирма соработувала и со Македонски пошти. Ајдини во телефонски разговор ни изјави дека нивниот ангажман се однесува на техничка подршка на анализата за која треба да се ангажираат експерти и професори, организирање прес конференции, трибини, презентации, истражувања на јавното мислење.

Првиот договор со Секеретаријатот бил склучен во 2013 година а реалзиран една година подоцна. Вториот е склучен на 15 август годинава и треба да заврши во 2016 година. Тендерот според Ајдини е на граница на рентабилност и не е поврзан со каква било блискост со Дуи.

Од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор потврдија дека е склучен договор со фирмата Таг комуникации а анализата која ќе ја подготват во соработка со ОБСЕ и претставникот на Институтот за мир Питер Фејт ќе биде промовирана во декември. Според најавите на виецепремиерот Џафери Дуи ќе инсистира на воведување на албанскиот јазик како втор официјален јазик во државата, рамноправна распределба на буџетот, канал на албански јазик во рамките на МТВ како и ротација на трите најважни државни функции.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ