ДУИ : ПОТПИШАН ИСТОРИСКИОТ ДОГОВОР ЗА КОРИДОРОТ 8 И 10Д, ЧЕСТИТКИ ДО ГРАЃАНИТЕ

0
301

Демократската унија за интеграција го поздравува конечното потпишување на Договорот за изградба на историскиот проект Коридор 8 и 10 Д меѓу Владата и претставниците на меѓународниот конзорциум “Бехтел и Енка”.Овој голем сон за граѓаните и државата конечно се остварува.

Демократската унија за интеграција им честита на граѓаните за ова историско достигнување, а реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на Република Северна Македонија ќе придонесе не само за патната инфраструктура и нејзина модернизација, туку и за поквалитетен животот, економијата на земјата како и поквалитетни патни врски со соседните земји и меѓународните коридори.

Проектот Коридор 8 ќе се протега во должина од 68 километри преку автопат со 6 ленти што ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д ќе ги поврзува Прилеп и Битола како проект кој ќе се протега во должина од 40 километри и ќе се реализира со 6 ленти, а периодот на реализација на проектот е 6 години од почетокот на работите.Демократската унија за интеграција ќе продолжи силно да придонесува за реализација на крупни проекти од кои корист имаат граѓаните и целата држава.