Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ДУИ не го чисти снегот во Арачиново оти гласале за СДСМ

Жителите на Арачиново ја обвинуваат локалната самоуправа и градоначалникот Брахим Ајвази дека останале затрупани со снег како казна дека не гласале за ДУИ на изборите на 11 декември минатата година, пренесува порталот Сакам да кажам. 

Во Арачиново од вчера функционира импровизирано комунално претпријатие кое самоиницијативно го формираа жителите за да го исчистат снегот од улиците. Тие се жалат дека Општината, откако падна снегот на почетокот на месецов, ниту еднаш не излегла да го чисти. Улиците се затрупани и тешко проодни. На главните, колите го разгазиле снегот, но има споредни улички по кои воопшто не поминале коли десетина дена, па се познаваат само натапкани патеки по кои одат жителите пеш.

Во неколку наврати жителите побарале од општинарите да почнат да ги чистат улиците, па откако виделе дека Општината е глува за нивните барање, помош за чистење на снегот побарале од СДСМ, како партија која освои најмногу гласови на изборите од минатиот месец.

„Побаравме помош за чистење на снегот од Зоран Заев и од Оливер Спасовски и тие ни донесоа булдожери. Две недели ќе бидат тука за да можеме сами да си го исчистиме снегот оти Општина како да не постои во Арачиново“, велат жителите.

Градоначалникот на Арачиново,  Брахим Ајвази е надостапен за коментар. На телефонот во Општина Арачиново утрово никој не се јавува, за да објасни зошто нивната комунална служба не ги чисти улиците.

На ист начин, самоинцијативно, дел од жителите на Арачиново си направија и канализација. Општината им ги асфалтираше улиците, а оти немале пари и за канализација па жителите се самоорганизираа и изградија канализација пред асфалтирањето за да си го заштитат асфалтот од дополнително раскопување.

Извор: Сакам да кажам

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПРИФАТИ ИГРАТА НА ПУТИН, ЗА ДА ЈА РАЗОТКРИЕ НЕГОВАТА НАМЕРА ДА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА?

Дали отсуството на рускиот претседател Владимир Путин на преговорите...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ