Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро го осудува апсењето на граѓанинот на Република Косово, г. Емин Бајрами, на 14.02.2025 година, на граничниот премин Блаце – Елез Хан, врз основа на потерница издадена од Србија преку Интерпол.

Ова е уште еден неприфатлив случај на имплементација на налози за апсење измислени од Србија од страна на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, кои продолжуваат да работат без никаква верификација загрозувајќи ги правата и слободите на косовските граѓани. Уште позагрижувачки е прикривањето на овoј случај од јавноста повеќе од 10 часа, акција која само ги зголемува сомнежите за вистинските намери на овие мерки.

ДУИ беше и останува цврсто на својот став дека налозите за апсење издадени од Србија преку Интерпол не треба слепо да се спроведуваат.

Бараме итно и безусловно ослободување на г. Бајрами и ја повикуваме Владата на Северна Македонија итно да ја преиспита практиката на извршување на српските потерници. Не можеме да дозволиме нашата држава да стане алатка на политиките на Белград, на штета на Албанците.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ