ДУИ : И ПО 5 ГОДИНИ МИЦКОСКИ НЕ ИЗЛЕГУВА ОД СЕНКАТА НА ГРУЕВСКИ!

0
420

Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четирипати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении да опстане на политичката сцена“ обвинуваат од владејачката ДУИ.Оттаму велат дека „сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст да го оспорат силеџиството што им го прави Мицкоски“.

„Сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека Мицкоски го интересираат само бизнисот и неговите деловни партнери и дека намерно го оставил во кал целото поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што и самиот потврди. Затоа, Мицкоски и по 5 години е во сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарните избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде мнозинството членови на ВМРО-ДПМНЕ го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски за лидер“ велат од ДУИ.