Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

ДУИ до ДПМНЕ: Да се прават рационални а не емотивни проценки

Го пренесуваме соопштението на ДУИ во целост:

„Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот Договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор.

Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат.

Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.

Од почетокот на политичката криза во земјата, Демократската унија за интеграција инсистираше на транспаренто затварање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање на одговорност.

ДУИ останува посветена за едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални а не емотивно поттикнати проценки“.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ