ДС: Власта нуди вработување на наши членови за да заминат во партијата на Груевски

0
1204

ВМРО-ДПМНЕ врши координирани притисоци на членови од Демократскиот сојуз, обвини генералниот секретар на партијата, Верица Филиповска.

ДС тврди дека владејачката партија нудела коруптивни понуди за вработување со цел членови од партијата на Павле Трајанов, да преминат во ВМРО-ДПМНЕ. Ова, според Демократскиот сојуз, се случувало во повеќе градови, како Прилеп, Штип и Скопје.

Од таму истакнаа дека немаат иформации дали вакви притисоци имало и во другите партии од Коалицијата за промени и правда, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС.

ДС презентираше неколку случаи на, како што ги нарече, коруптивните понуди нод ВМРО-ДПМНЕ:

Под притисок на функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Советникот на ДС во Советот на Општина Прилеп, со ветување дека неговата ќерка ќе биде вработена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 04.11.2016 г. одржал прес – конференција на која соопштил дека ќе премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот во Собранието на Р. Македонија, од Кичево и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево, на претседателот на ДС -Кичево, нуделе вработување и унапредување на наши членови под услов јавно и декларативно да се дистанцираат од политиките на ДС и истите да преминат во ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот и секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга на претседателот на ДС Струга, му нуделе вработување, доколку јавно ги осуди политиките на ДС и премине во ВМРО-ДПМНЕ.

– На 03.11.2016 г. на кандидатот за пратеник на ДС од Радовиш, градоначалникот на Општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, му понудил вработување на неопределено работно време, под услов да се пасивизира и да ја повлече кандидатурата за пратеник на ДС.

– Во периодот од неколку месеци наназад, на претседателот на ОО на ДС Аеродром и советник во Советот на Општина Аеродром од редовите на ДС, во неколку наврати му биле нудени одредени бенефиции од страна на координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателката на ОО на ДС Кисела Вода, од страна на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода, била убедувана да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Претседателот на ОО на ДС на Штип, како и неговото семејство, се под постојан притисок на локалната администрација и членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, а неговата приватна фирма е под постојани инспекциски контроли. Тој беше вработен во ЈП „Ирис“, но договорот за работа не му го продолжија бидејќи не прифатил да одржи прес конференција и премине во редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

– Во јануари оваа година, на претседателот на ОО на ДС од Неготино, градоначалникот на Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од неговиот мобилен телефон му покажал смс-порака испратена лично од актуелниот премиер, во која било наведено упатство како да се заслабнат редовите на ДС. При тоа, му било сугерирано да премине во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а неколку месеци подоцна (поради учество на протестите) бил деградиран за два степени од работното место во Општина Неготино.

Пријави за притисоци пристигнуваат и понатаму со засилени инспекциски контроли кај стопанственици, членови на ДС.
Притисиоци се вршат и врз истакнати членови на Централниот изборен штаб.

Партијата ја информираме јавноста дека сите пријавени притисоци врз нивни членови се нотирани и за нив ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, Државната изборна комисија, ОБСЕ, ОДИХР како и дипломатските претставништва.