По извршениот вонредниот инспекциски надзор во болницата во Прилеп, ДСЗИ констатирал дека кога мајката на 10 јануари со потпис и на нејзино барање заминала од болницата со предвремено родените новороденчиња, болницата не го известила Центарот за социјални работи. За време на престојот во болницата, близначињата со мала тежина биле постојано во инкубатор. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете новороденчиња – близначиња кои починаа на 16 јануари. Од таму велат дека, по извршениот вонредниот инспекциски надзор во болницата во Прилеп, констатирале дека кога мајката на 10 јануари со потпис и на нејзино барање заминала од болницата со предвремено родените новороденчиња, болницата не го известила Центарот за социјални работи. За време на престојот во болницата, близначињата со мала тежина биле постојано во инкубатор.
„Од страна на докторите од неонатолошкото одделение добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата за нивно целосно адаптирање“, пишува во извештајот на ДСЗИ. Во извештајот се вели дека ќе биде издадена и наредба за задолжително известување на надлежен Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот, односно неговиот родител или старател се спротивставени.
Од ДСЗИ велат дека, врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до министерот за здравство ќе иницираат постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита. Двете новороденчиња – близнаци од прилепското село Славеј починаа на 16 јануари. Од болницата во Прилеп тогаш соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле недоносени, во 34-тата гестациска недела. Според болницата, девојчето на 16 јануари било донесено на одделот за детски болести во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување, по што починало во болницата. За машкото новороденче, пак, соопштија дека имале информации оти починало дома претходно, од истата причина – премрзнување.