Дрон со големина на мува, спремен за летање

0
980

Axis Aerius е со димензии од 3х3х2 сантиметри, а овој минијатурен дрон со 15-минутно полнење ќе може најмногу седум минути да биде во воздух.

Дроновите за многу кратко време станаа присутни на секој чекор, па нема да нè зачуди веќе да ги гледаме и на полиците на супермаркетите.

axis-drone-1

Најпознатите компании кои што ги произведуваат веќе активно се натпреваруваат кој ќе направи побрзо или понапредно летало.

Компанијата Axis Drones одлучи на пазарот да пласира мини дронови, а најновиот наречен Aerius е најмалиот дрон на светот.

axis-drone-2

Aerius на пазарот ќе пристигне кон крајот на септември, а неговата цена ќе се движи околу 35 долари.

Со оглед на тоа што дронот е со мали димензии (3х3х2 сантиметри), батеријата не може да биде голема, па за 15-минутно полнење дронот ќе може да лета од 5 до 7 минути.

Сепак, иако е така малечок, дронот е опремен со сензори кои ќе го држат стабилно во воздухот.