ДРН ДУПКИ И ШИПКИ НАМЕСТО КОНКРЕТЕН И ИЗДРЖАН ОДГОВОР за одбрана на Затуроска и Илоски !

0
1864

Како член и активист на ВМРО ДПМНЕ , најнапред осудувам секакво НЕОСНОВАНО пишување и клеветење од било каков медиум за функционери и членови на ВМРО ДПМНЕ ! Но како просечно интелегентен човек кој својот живот го заснова врз чесно и поштено живеење,зачувување на демохристијанските вредности но и почитување,сакање и одбрана на татковината и својот град а со тоа и својот народ . Сакам да им посочам на оние кои го испратиле ова соопштение(објавено на фотографијата а превземено од официјалниот профил на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга) дека има низа недостатоци за да биде комплет издржано и да нема простор за погрешно, делумно или изопачено тумачење од страна на “нечесните платеници“ .

Кога барем дел од текстовите би се однесувале на мене лично , јас веднаш категорично би демантирал се што е клеветено и тоа ред по редум , едно по едно, се што е напишано. Во спротивно доколку не направам така или демантирам општо и не прецизно .Тоа би значело дека јас само сакам да ја замајувам јавноста и да го амортизирам она кое е напишано а јас не сум можел да го дематирам затоа што всушност е ТОЧНО НАПИШАНОТО!

Затоа што јас цврсто верувам во функционерите на ВМРО ДПМНЕ, а и се би направил за да им помогнам да го формулираат точниот текст кој би значел и одбрана на честа и достоинството на засегнатите функционери. Се одлучив да им поставам еден терк како треба да постапат по однос на текстовите кои ги прегледав детално по објавувањето на соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Струга на посочените фб страници.

Да започнам :

Прво за што мислам дека треба да се фокусираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга , треба веднаш да демантираат дека:

1. Внуката од девер  на Лилјана Затуроска (Дијана Затуроска – Гогоска) е вработена во државна установа откако Лилјана Затуроска е Функционер(пратеник) во ВМРО ДПМНЕ.
2. Категорично да се демантира дека зетот од внуката на Лилјана Затуроска (сопругот од Дијана , Дејан Гогоски) е вработен во Државна институција( болница Струга) .
3. Категорично да се демантира дека Дејан Гогоски непосредно по неговото вработување , веднаш добива специјализација за одредено доостручување но поради што не му се бендисала , прави напори и успева да ја промени за специјалицација која нему му е по ќејф но на товар од државата (што за други лекари не е пракса до сега)

4. Да се демантира дека сестрата од Лилјана Затуроска е вработена во државна институција под министерството за образование.
5. Да се демантира дека Зетот од сестра од Лилјана Затуроска е вработен во компанија која се занимава со енергетика (чинам РЕК Битола дека е посочено)

6. Да се демантира дека Сопругот на Лилјана Затуроска (Зоран Затуроски) предава во училиште за средно образование  во Струга (Нико Нестор)

7. Да се демантира дека верица Пауноска (сопруга на Дејан, вработениот во приватната фирма на Затуроски) е вработена во државна институција откако нејзиниот сопруг работи во посочената фирма.
8. Да се демантира дека Катерина Пауноска – Чајлакоска (сопруга на Власе, вработен во фирмата од Затуроски) е колешка на внуката од Лилјана Затуроска која е вработена во Државната Агенција за развој на туризмот во МКД со седиште во Струга)

9. Да се демантира дека Ѓоко Илоски е близок соработник од Лилјана Затуроска а неодамна е и вработен во “ХЕЦ“ Глобочица .

10. Да се демантира дека   Ѓоко Котески (посочуван со братму како пеликаните) е вработен во Општина Струга како дел од пазарот за коалиција со Зијадин Села а е близок со Лилјана Затуроска.
11. Да се демантира дека (одбранбениот играч во ОК Струга од Лилјана Затуроска, господинот Ангеле Ставрески е вработен во струшката пожарна од неодамна, исто како дел од пазарот со Села)

12. Категорично да демантираат дека фотографиите кои се објавени од лицето Ѓоко Илоски(секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга) со челници на СДСМ се афтентични и верни , односно да потврдат дека се монтирани,сечени и лепени.

13. Категорично и цврсто да се дематира дека Ѓуро и Ѓоко Котески, блиските соработници на Лилјана Затуроска кои имаат партиски функции , пред последните локални избори собирале гласови за Ацо Петрески екс градоначалник на Охрид, кој е и нивни близок роднина а исто така и членувале во СДСМ.

14. Да се демантира дека воопшто некогаш Лилјана Затуроска била челн на СДСМ.

15. Да се демантираат скандалите поврзани со АД “Кожувчанка“ во кои беа спомнати Ѓоко Илоски и Лилјана Затуроска.

16. Да се дематира било каква блискост помеѓу Лилјана Затуроска и Ѓоко Илоски .

17. Под итно лицето Ѓоко Илоски  да демантира и да обезбеди доказ од избирачки список за тоа дека бојкотирал референдум во 2004та, но и дека се залагал за кампањата “некои прашања не заслужуваат одговор“ да успее!

Дури откако категорично ќе се демантираат сите овие работи. Ќе можи да ги обвинуваме сите заедно, оние кои се кријат зад “лажните“ портали  кои јас ги толкувам како ФБ Веб пост блог страници и за кои постојат одредени одредби во законот па Петкоски,Затуроска , Илоски и  ОК ВМРО ДПМНЕ Струга би било добро да ги проучат и дури потоа да ги квалификуваат како вакви или онакви а исто така дури по тоа ОК ВМРО ДПМНЕ Струга да размислува за пријави преку надлежни институции кон “платениците“ кои претпоставувам имаат аргументи да ја докажат релевантноста и веродостојноста на содржините од објавите.

Секогаш за ВМРО ДПМНЕ,МАКЕДОНИЈА,СТРУГА И СТРУЖАНИ ! Со не сечени и не монтирани ниту прилепувани реченици !
Со почит и топли поздрави ,
Васко Јолески (со име и презиме)

п.с.
фотографијата од соопштението е превземена од официјалниот фб профил од ВМРО ДПМНЕ ОК Струга
Фотографиите се превземени од посочените фб страници во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Струга

11204898_1049593808426161_2933944511869276248_n 11011237_1049593881759487_142761338766143997_n 11750609_1049593945092814_3400254112015688195_n 11742840_1049594001759475_8817485651864213440_n 11737828_1049594128426129_6897642620489991889_n

Од фејсбук зидот на Васко Јолески , линк ОВДЕ