Македонскиот амбасадор во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, кој е и поранешен министер за економија, се врати во земјава.
Кучи е директно опфатен со проширената истрага за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Обвинителството ќе побара определување мерки за претпазливост против него.
Тој станува деветнаесеттото лице под сомнение во случајот што ја потресе јавноста.