Како претседателка на Републиката, како врховна командантка на вооружените сили, но и како партизанска ќерка, стојам пред вас, горда на вас, наследниците на партизаните. Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на армијата сте вистинските чувари на наследството – слободната македонска држава, која пред 80 години, на АСНОМ, ни ја оставија нашите храбри предци, рече претседателката Сиљановска Давкова на денешаната свеченост во Охрид по повод денот на македонската Армија.
„Овој празник е потсетување дека нас никој не нѐ ослободувал, туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народно – ослободителна борба“.Со овие зборови претседателката Гордана Сиљановска Давкова на свеченост во Охрид го честиташе 18 август, денот на македонската Армија.
– Како претседателка на Републиката, како врховна командантка на вооружените сили, но и како партизанска ќерка, стојам пред вас, горда на вас, наследниците на партизаните. Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на армијата сте вистинските чувари на наследството – слободната македонска држава, која пред 80 години, на АСНОМ, ни ја оставија нашите храбри предци.
Претседателката зборуваше дека силата на армијата извиера од единството на различностите во македонското општество. Таа исто така потсети дека дел од припадниците во моментот на Армијата во моментот се борат со огнените стихии ширум државата помагајќи им на пожарникарите и на екипите. Таа им се заблагодари и на граѓаните волонетри кои помагаат во гаснењето. Сиљановска Давкова потсети дека вклучувањето на Армијата во гаснење беше пракса и години наназад:
– Повторувам, години наназад, Армијата редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано. Затоа Армијата, затоа вие, континуирано уживате највисока доверба кај македонските граѓани – вели таа.
На денешниот настан беше и остварено примопредавање на на должноста началник на Генералштабот на Армијата. Сиљановска давкова му честиташе на новиот началник на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, а за неговиот претходник Васко Ѓурчиновски изјави:
– Од срце, и со разум, му благодарам на досегашниот началник, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски за успешното лидерство во изминатите години. Нему му припадна задачата да биде началник на Генералштабот во клучен период, кога македонската држава се соочи со бројни ризици, но и успеси како формалното членство во НАТО. Тој активно учествуваше во трансформацијата и модернизацијата на Армијата и успеа да ја продлабочи соработката со нашите сојузници. Јас и понатаму му нудам соработка. Благодарна сум му за стореното и очекувам понатамошни советнички успеси.
Претседателката истакна дека „мора да продолжиме да се залагаме за родова еднаквост и за кариерен напредок во сите области и во Армијата. Конечно, мора да вложуваме во образованието и во обуката на сегашните и на идните воени лидери на македонската армија, но и во нивниот социјален статус“.Таа рече дека и понатаму ќе учествуваме во мисиите ЕУФОР – АЛТЕА и УНИФИЛ.Во моментов, над 180 армиски припадници се ангажирани во мировните мисии и операции, под македонското знаме.
На настанот збор зеде и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој го честиташе празникот, ги пофали војниците за нивниот професинализам во регионалната безбедност на Балканот.
– Во овие кревки времиња од особена важност е билатералната и регионалната соработка, соработката со ЕУ, но од особена важност е соработката со соседите. Во тој контекст, за зајакнување на одбраната на Алијансата на неодамнешниот самит на НАТО, заедно со министрите за одбрана на Италија, Албанија и Бугарија потпишавме Писмо за намери во насока на олеснување на движењето на воените сили на сојузничките земји на Коридорот 8 со цел заштита на источното крило на Алијансата – изјави Мисајловски и додаде:
– Она што ни претстои во нашата работа за одржување на стабилна и безбедна држава, но и за зачувување на мирот во глобални рамки е изработка на нови стратешки документи, нова Стратегија за одбрана, ажурирање на Долгорочниот план за развој на одбранбени способности и на Планот за опремување и модернизација.Мисајловски рече и дека заложба на оваа Влада е да имаме Буџетот за одбрана, кој ќе одговори на сите побарувањата, Буџет кој ќе продолжи да расне и да ги надминува минималните 2% од БДП, согласно „Заложбата за инвестирање во одбраната” која беше усвоена на минатогодишниот самит на Алијансата во Вилнус.
Тој им се заблагодари и на војниците кои се вклучени во гаснењето на пожарите ширум земјата, а најави многу работа и реформи велејќи дека претходната влада оставила пустош и „илјадници хеткари изгорена земја“.
– И колку да имаме подготвен персонал независно дали се тоа пожарникари, припадници на армијата, доброволци, на кои сум им искрено благодарен за сета нивна борба, тие се немоќни затоа што немаат соодветна опрема и за жал, немаат воздушна поддршка која и тоа како е потребна. Од еден модерен центар кој беше креиран да создава пилоти не само за Армијата туку и за Полицијата за Дирекцијата за заштита и спасување, но и да нагласам, за сојузничките и партнерските земји, денес имаме само хангар со опрема која во моментов не се употребува. Но, јас од оваа говорница ветувам дека ќе вложам максимален напор овој Центар повторно да го активираме – дециден беше министерот Мисајловски.