ДРЖАВАТА НЕМА ДА ТРОШИ ПАРИ ЗА ИЗГРАДБА НА ХЕЦ „ЧЕБРЕН“ – ШУКОВА ПОЈАСНИ ДЕКА НАМЕСТО ПАРИ ДРЖАВАТА ЌЕ МУ ЈА ДАДЕ ХЕЦ „ТИКВЕШ“ НА ИНВЕСТИТОРОТ

0
615

Министерката за животна средина појасни дека грчката компанија која ќе ја гради ХЕЦ Чебрен, се уште нема дозвола за води, за да може да ја добие коцесијата.
Грлкиот концесионер сам ќе ја гради ХЕЦ „Чебрен“, а по изградбата земјава ќе добива 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Делот од инвестицијата на државата во хидроелектраната ќе се покрие со давање на ХЕЦ „Тиквеш“ на грчкиот концесионер, појасни денеска министерката за животна средина Каја Шукова.

– Државата по изградбата на ХЕЦ „Чебрен“, ќе го даде за уделот којшто го има, преку ХЕЦ „Тиквеш“, којашто е постојна во државата и којашто ќе се поврзе на хидроелектраната „Чебрен“. Тоа е вогот на државата, не е влогот во пари. ХЕЦ „Тиквеш“ го даваме да се поврзе на системот на ХЕЦ „Чебрен“ и да го оперира како еден систем, а грчката компанија, треба прво да обезбеди дозвола за вода, според Законот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија. Самата ќе инвестира во изградбата – рече Шукова.Појасни дека во влогови 67% отпаѓаат на инвеститорот, а 33% државата.

– И утре кога ќе се исплаќа дивиденда, државата ќе земе 33%, 67% се на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата целиот комплекс, сѐ она што ќе биде изградено, останува на државата – вели Шукова.Таа објасни дека поволност од оваа инвестиција е тоа што земјава ќе има предност за користење на струјата.

– Она што е битно за нас, е кога ќе се склучува концесискиот договор ќе ни биде битно, предимство за користење на електрична енергија да има државата, потребите на државата, секако по пазарна цена, а потоа да може да се дава на други потрошувачи – вели Шукова.