ДРЖАВАТА ГИ УНИШТУВА МАЛИТЕ БИЗНИСИ, државна пазарна инспекција удри привремени пломби врз ноќниот локал ,,ПЕРОН” во Битола

0
1532
Изминатите 11 години сме сведоци на огромен број пломбирани приватни бизниси од страна на државата, УЈП и државната инспекција на пример како што се продавниците, мини слаткарници, ресторани, кафичи и останати помали бизниси каде сопстениците работат за гола егзистенција, плаќање придонеси кон државата и сметки за струја, вода и сл. Додека некаде се работи само од љубов, како што е примерот со ноќниот локал во Битола, ,,Перон”.
Од таму велат, локалот ,,Перон” е единствениот локал кој досега функционирал без никакви опомени од државната пазарна инспекција за некои направени нерегуларности во неговото работење или други незаконитости. Сопственичката на локалот Весна Котеска тврди дека државната пазарна инспекција буквално улетала заедно со инспектори од МВР во локалот како да е тоа некое дувло на наркомани и како таму да е тоа нарко картел а не ноќен клуб и тоа без никаква опомена од самата државна пазарна инспекција.
Локалот ,,Перон” според сопственичката Весна Котевска е затворен поради сомнение од страна на државната пазарна инспекција дека во локалот се употребувани наркотични средства што таа тоа најостро го демантира и вели дека ова што го прават од државната пазарна инспекција и МВР е присилна наплата и државен рекет врз нејзиниот локал.
Сопственичката на ,,Перон” тврди дека локалот поседува уредна лиценца за работа и упатува на фактот дека локалот често е посетуван од полициски службеници во екот на работа каде не се утврдило никаква нерегуларност или употреба на наркотични средства во самиот локал.