Фото : Илустрација
На 27.12.2024 година во 17.40 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и едно малолетно лице, сите од Велес, а постапувајќи по пријава од Ф.Ј.(54) вработен во Шумска полиција-Велес.
Според пријавеното, на земјен пат од езеро Младост кон село Ветерско, велешко, додека Ф.Ј. заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи како шумски полицајци, ги затекнале лицата како вршат бесправна сеча на дрва по што биле физички нападнати од истите.
Напаѓачите потоа заминале со патничко возило „форд” со велешки регистарски ознаки. Лицата биле приведени, а С.З Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, а во возилото предметите од нападот биле пронајдени и одземени.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.