ДРАМА НА ГАЛИЧИЦА : ЦУК ВО СОРАБОТКА СО МВР СПАСИЈА ТУРИСТ ОД ЧЕШКА СО ТЕШКА ПОВРЕДА, ИНТЕРВЕНИРАНО ОД ВОЗДУХ И ЗЕМЈА НА 2000 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА

0
145

Конкретно, повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично се една недела цело време ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и за логистички за поткрепа на другите противпожарни сили.

Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински терен. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР.

Фото: ЦУК

Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците – спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“ во борбата со огнената стихија.Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР коишто покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка.