ДРАМА ВО СОБРАНИЕТО: Мицковски цел саат го молел и му објаснувал на Али Ахмети дека победници се ВМРО ДПМНЕ со 40 матични членови, а не СДСМ со 32

0
1473

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имал само куса средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на која добил одговор дека „Интегративците“ ќе преговараат со СДСМ.

-Минатата недела во Собранието има едночасовна средба си Али Ахмети, на која ме инфомриаше дека ќе отпочне преговори со СДСМ затоа што таа партија победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека СДСМ не е победник во македонскиот блок и му посакав среќа – рече Мицкоски на средбата со новинарите.

Мицкоски на Ахмети му рекол дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 свои пратеници во Собранието додека СДСМ само 32 мандати на народни избраници кои се матични членови на владеачката партија.