Извор : Скопје1.МК
Неочекувани пресврти и турбуленции на судењето за убиството на 14 годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски.
За киднапирање и свирепо убиство на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.
На 20 ноември, Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеше: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, па се премисли и достави писмо во кое посочи дека Љупчо Палевски не ги убил двете жртви. Такво писмо преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа.
Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Денеска пак, Кешишов пред судот изјави: „Изјавата не е моја. Ми беше дадено напишано ливче. Еден од обвинетите Љупчо Палевски Палчо ми го даде за со мој ракопис да го напишам и да го предадам на вас. Тоа го направив од страв”.
Многумина наседнаа на писмото од Кешишов од минатата недела. Еден од експертите, поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески во Претрес изјави:
„По менувањето на исказот на еден од обвинетите за убиството на Вања, му се обезбедува алиби на Љупчо Палевски Палчо и може да очекувате ослободување на Палчо. На Обвинителството му бега случајот. Верувам дека писмото со менување на исказот е автентично”, реле Ѓурчески и додаде: „Не навивам за никого“.