ДРАМА ВО КУМАНОВО: Режимот тргна да го апси началникот на МВР поставен од СДСМ, ЦЕЛО КУМАНОВО Е НА НОЗЕ И ГО БРАНИ СО ЖИВ ШТИТ ПРЕД НЕГОВИОТ ДОМ!!!

0
5466

Специјалци на МВР се во дворот од куќата на кумановскиот началник на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ.

Според изјавите на насобраната маса народ пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот, незнаејќи зошто и под кое обвинение сакаат да го приведат Величковиќ.

– Специјалците пред половина час пристигнаа пред неговиот дом, каде и се собравме во голем број за да не дозволиме да го приведат. Тука има и Македонци, и Албанци, и партиски и непартиски луѓе, и нема да дозволиме да биде уапсен без да дознаеме зошто и под кое обвинение, вели еден од граѓаните кој истотака протестира пред домот на Величковиќ. 

Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР.

Извор : КумановскиМуабети