ДРАМА ВО ДРЖАВНА РЕВИЗИЈА: НА КАТИЦА ЈАНЕВА И ПУКНАЛ ФИЛМОТ ОД ШТО ЈА МАЛТРЕТИРААТ ОД КРИВИЧЕН, СЕ СОБЛЕКЛА ГОЛА, ПОВИКАЛЕ БРЗА ПОМОШ

0
1526

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е обвинета во случајот „Рекет“ и која денеска од куќен притвор беше спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава се соблекла таму во долна облека.

Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.

Според информациите од МВР, Јанева била донесена во Заводот за ревизија во 10.30 часот.

-Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот, велат од МВР.

Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува куќен притвор.