ДРАГИ РАШКОВСКИ ГИ ДОЗАКОПА ГРУЕВЦИ : НА ФЕЈСБУК ИМ ОПНА ДОКУМЕНТИ ВО КОИ СЕ ГЛЕДА КАКО ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ ПЛАНИРАЛЕ ИЗГРАДБА НА СТАНОВИ ЗА БЕГАЛЦИ А СЕГА ПРАВАТ АКЦИЈА ПРОТИВ СТАНОВИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ!!!

0
8439

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски на неговиот Фејсбук профил објави документи од Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2011. година во кои стои дека согласно „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2008-2015“ Владата планира да гради станови за бегалци.

Во документот потпишан од тогашниот заменик министер за транспорт и врски, Горан Михајловски, а испратен до Владата пишува дека е предвидена изграба на станбени единици за бегалската популација.

– Македонија отсекогаш била хумана земја и им помагала на луѓето кои се нашле во невоља не по своја вина. Така и ќе биде. Но, Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ, не планира изградба на станбени единици за бегалците. За тоа кој планирал најдобро зборува пишаниот документ. Сеењето на страв е неоправдано. Политиката е борба на идеи. Дајте да се натпреваруваме со идеи. Оние од наша страна допрва претстојат, напиша Драги Рашковски на неговиот Фејсбук профил.dokumenti-vmro-begalci1 dokumenti-vmro-begalci2 dokumenti-vmro-begalci3 dokumenti-vmro-begalci4