ДРАГАНА ВЕЛКОВСКА ЗА СОПРУГОТ КОЈ Е НА ЛИСТАТА НА ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД : ,,ЗАР ТРЕБА ДА СЕ РАЗДЕЛАМ ОД НЕКОГО ЗА ДА БИДАМ НА ЛИСТА?”

0
394

„Драгана Велковска е носител на листата за членови на Советот на Скопје на Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, а на истата листа на четврто место, од вкупно 45, е нејзиниот сопруг Марјан Калевски“, соопштува порталот А1он, во написот „Драгана Велковска и Марјан Калевски: сопружници дома, партнери на листа за советници“. Велковска е актуелна советничка во Советот на Скопје, која во изјава за „А1он“ вели дека не било тоа непотизам: „Па зар треба да се разделам од некого за да бидам на листа?! Ние долги години сме заедно во сите иницијативи.

Тој е основач на Е.Д.Е.Н., на Охрид СОС, на ’Зелен хуман град’ и е докажан активист. Зошто би имало сомневање за непотизам кога листата беше гласана од сите членови, нема непотизам тука.

Одлуките ги носиме по хоризонтала, сите гласаат, имаме посебен куќен ред по кој се носат одлуките“. Наспроти нејзиното тврдење, активисти укажале дека кандидатите кои биле гласани, на страницата на „„Зелен хуман град“, на фотографиите, се означени со „Од Мој кандидат“, додека тие што не се гласани немаат таква ознака на фотографиите.

Кај Велковска и Калевски, двајца од првите четири на листата, нема таква ознака, што значи дека за нив немало гласање туку само биле поставени.

Покрај критиките за непотизам, листата на Зелен Хуман Град беше критикувана и како нерепрезентативна, затоа што на листата нема ниту еден Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, ниту пак кандидати од општините Чаир, Сарај и Шуто Оризари.