ДО ЈУЛИ ЌЕ ПОЧНЕ ПОСТАПКАТА ЗА МЕНУВАЊЕ НА УСТАВОТ – ЏАФЕРИ ЈА СООПШТИ АГЕНДАТА НА СОБРАНИЕТО

0
392

Претседателот на Собранието не мисли дека избори ќе го решат проблемот со недоволниот број гласови (80) за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомпилицира целата работа.

Постапката во Собранието за менување на Уставот би требало да почне најдоцна во јуни или јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ – изјави претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на брифинг со новинарите. Џафери рече дека не мисли дека избори ќе го решат проблемот со немањето доволно гласови (80) за уставни измени, туку дека тоа ќе ја искомпилицира целата работа. За тоа како да се надмине проблемот со мнозинството претседателот на Собранието вели, власта и опозицијата да седнат да разговараат.

– Јас можам да распишам избори само во моментот кога ќе се согласат политичките партии да се распушти Собранието или кога ќе заврши маднатот во последните 90 дена. Во други услови партиите треба да излезат со соодветен предлог – рече Џафери.